Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Барселона не престанува да се соочува со проблеми. Тие доживеаа дебакл во петокот, откако загубија од Баерн Минхен со 2-8 во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Во последните пет години потрошија повеќе од милијарда евра на фудбалери, а меѓу тие кои ги ангажираа, беше и Фелипе Кутињо.
Бразилецот со два гола синоќа успеа да ги нокаутира, а интересна е клаузулата која ја имаат за трансферот на Кутињо од Ливерпул во 2018 година.
Според договорот, Барселона ќе мора да му плати пет милиони евра на Ливерпул ако Кутињо, односно Баерн ја освои ЛШ.
Да потсетиме, барселона на шампионот на Англија му плати 140 милиони евра плус дополнителни бонуси.