Солскер: Манчестер Јунајтед е најголем клуб и верувам дека и најдобрите играчи посакуваат да дојдат кај нас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа што Манчестер Јунајтед во последните години нема забележано ниту приближно добри резултати на какви што се навикнати навивачите на овој славен клуб, тренерот Оле Гунар Солскјер верува дека најдобрите европски фудбалери уште имаат амбиција да дојдат на Олд Трафорд.

Јунајтед ни оваа сезона нема да игра во Лигата на Шампионите, а знак прашалник е и наредната година, но без оглед на тоа Солскјер и понатаму верува дека може да доведе добри засилувања.

Некои агенти во последно време почнаа да ги убедуваат своите играчи да не му се приклучуваат на клубот од Олд Трафорд, но Солскјер тоа не го загрижува.

„Го кажавте тоа за агентите, но верувам дека играчите сеуште сакаат да бидат овде. Не разговарам многу со агентите. Манчестер Јунајтед е најголем и најдобар клуб на светот и сигурен сум дека многу играчи сакаат да ни се придружат. Сакаме да играме на начин на кој што нашите навивачи уживаат.“

Инаку, Манчестер Јунајтед денес игра против АЗ Алкмар, а Црвените Ѓаволи тој меч ќе го дочекаат во добро расположение со оглед на тоа дека во последните седум денови славеа со победа против Тотенхем и Манчестер Сити.

Јунајтед веќе го осигура пласманот во 1/16 финалето во второто по ранг клубско натпреварување и утрешниот натпревар ќе има важност само кога станува збор за првото место во групата Л.