Солскер во завршни преговори со уште еден одличен дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако не успеаа да изборат Лига на шампиони, Манчестер Јунајтед прави многу силна екипа за наредната сезона.

Сеуште не е позната судбината на Пол Погба, но секако и во случај на заминување на Французинот, веќе постојат неколку алтернативи за него.

Сепак, се чини дека клучно за Солскер е добро да ја засили одбраната.

Како што јавува Скај Споротс, Јунајтед веќе некое време е во преговори со Лестер, околу Мегвајер, а преговорите наводно дошле до завршна фаза.

Иако самиот играч преферираше преминување во Сити, тимот на Пеп не е спремен да даде доволно пари за неговото доведување.

Манчестер Јунајтед за неговите услуги ќе треба да издвои 80 милиони евра.