Солскјер: Денешните фудбалери се плачковци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју зборуваше на различни теми, меѓу кои и денешниот фудбал.

Солскјер раскажа некои случувања во соблекувалната на „ѓаволите“ додека бил фудбалер на премиерлигашот.

„Сите фудбалери во соблекувалната беа неверојатни. Кин беше лидер, Меј беше забавен, Невил секогаш нешто работеше, а Рајан Гигс ги забавуваше сите. Понекогаш се каравме по лош натпревар. Сега ако направите такво нешто, фудбалерите веднаш ќе се жалат кај родителите и менаџерите“, вели Солскјер.