Солскјер: Кавани е одличен, преговараме за нов договор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека ќе продолжи да преговара со Едисон Кавани за да потпишат нов договор.

Солскјер беше задоволен со триумфот од 6-2 против Рома во првиот меч од полуфиналето во Лига Европа, а одличен на теренот беше и Кавани.

„Екипата реагираше добро на полувреме. Добро игравме и во првиот дел, но заборавивме дека мора и да се браниме, а тоа мора брзо да го правите. Кавани е одличен. Тој создава шанси, постигнува голови… Пропушти неколку шанси, но тој е тука и поради тоа ако добие четири-пет шанси, тогаш ќе постигне два-три гола. Се надевам дека ќе се пласираме во финале и дека тој ќе сака да остане со нас и следната година“, вели Солскјер.