Солскјер пред отказ: Доаѓа тренер кој правеше чуда со многу екипи?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер е пред отказ од Манчестер јунајтед. Тој по поразот од 0-5 од Ливерпул доби уште една шанса и го победи Тотенхем, но сега загуби од Манчестер сити.

Поразот на домашен терен ги вознемири навивачите, но и раководството кое веќе почна да размислува да го смени Солскјер, а како негов наследник се споменува Ралф Рагник.

Германскиот тренер во моментов работи во Локомотива Москва како директор, а не како тренер, но познат е по тоа што го поврзуваа со тренерската позиција во Милан, но Стефано Пиоли ја задржа работата.

Тој е заслужен и за успехот на Лајпциг и Салцбург, па беше поставен како директор на фудбалски развој во групацијата со овие екипи.