Солскјер проблемите во нападот ги решава со ангажман на играчот на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дефинитивно е во потрага по нов напаѓач откако Маркус Рашфорд доживеа потешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку три месеци.

Во јавноста веќе се појавија неколку имиња, а сега се издвои тоа на Лука Јовиќ кој би можел во последните денови од јануарскиот преоден рок да се пресели на „Олд Трафорд“.

Јовиќ би пристигнал во Манчестер Јунајтед само како позајмен фудбалер и би ги поминал следните шест месеци на Островот.

Јовиќ не се изнаигра многу по првата полусезона во редовите на Реал Мадрид, па трансфер во Јунајтед каде ќе игра стандардно би бил добредојден за него.