Солскјер си ја отвори душата: Ни предвидуваа дека ќе завршиме на 6. или 7. место, работев на свој начин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер заврши солидна сезона откако успеа да го врати клубот онаму каде припаѓа, во Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ со фантастичен финиш на сезоната стигнаа до третата позиција на табелата во Премиер лигата и обезбедија сигурен пласман во најелитното европско натпреварување.

На Манчестер Јунајтед пред почетокот на сезоната речиси никој не даваше шанса дека ќе се пласира во Лигата на шампионите, но Солскјер сите ги убеди во спротивното и успеа да го одведе тимот каде што припаѓа.

„Многумина не веруваа дека можеме, ни предвидуваа 6-то или 7-мо место. Секогаш работев на свој начин. Критиките секогаш ме прават послиен. Верувам во она што го правам.

Секако дека секој има поинаква идеја за тоа што менаџерот треба да прави, но јас сакам да работам на свој начин. И успеавме. Имав поддршка од играчите, тие се неверојатни и јас сум горд на нив“ –изјави Солскјер.