Солскјер со интересен коментар: ФА повторно ни помага…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не е задоволен што неговиот тим имаше ден помалку за одмор од нивниот следен ривал, Манчестер Сити.

Дербито за Манчестер на програмата е во недела, а ќе се одигра на „Олд Трафорд“ со почеток од 17:30 часот.

„ФА повторно ни помага. Нашиот ривал имаше повеќе време за одмор и подготовки. Не ми се верува дека направија таков распоред, со оглед на тоа дека дербито е во недела. Ние продив Дерби игравме во четвртокот, а Сити против Шефилд во средата. Беше исто кога ги победивме минатиот пат. Игравме во среда, а тие во вторник. Тие 24 часа, колку и да не ви изгледаат вас, се многу важни за нас“ –изјави Оле Гунар Солскјер.