Солскјер, време е за збогум: Бивш тренер на Челси доаѓа во Манчестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја разгледува можноста да му даде отказ на тренерот Оле Гунар Солскјер поради лошите резултати, а како негова замена се споменува Антонио Конте.

„Скај Италија“ објави дека Конте е најсериозен кандидат, а доколку го преземе тимот од „Олд Трафорд“, така ќе се врати во Премиерлигата по три години, откако претходно го водеше Челси.

Управата на „црвените ѓаволи“ разговара за кризата и резултатите, а новинарот Фабрицио Романо објави дека Конте е подготвен да преговара со премиерлигашот за проектот.

Конте неколку пати кажа дека не сака да преземе работа сред сезона, а Романо смета дека Јунајтед е единствениот клуб кој би можел да го промени ставот на Италијанецот.

Солскјер во моментов е под голем притисок поради поразот в неделата од Ливерпул со 0-5 на домашен терен.