Сон за првпат ја отвори душата по страшната повреда на Гомеш: Ми беше тешко…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со два погодоци Хеунг Мин Сон беше фантастичен во победата на Тотенхем против Црвена Звезда со 4-0, а зад себе имаше тежок викенд затоа што Андре Гомеш заработи страшна повреда.

Победата и головите во Белград му дојдоа одлично, најпрво поради неговата самодоверба, но позитивниот резултат ќе влијае добро и на атмосферата во клубот.

„Важна победа за нас против тим, кој дома е непоразен. Имаа одличен став, но ова е добро за нашата самодоверба. По дуелот со Гомеш ми беше многу тешко. Сфатив колку сум среќен поради поддршката која ја добив од соиграчите и навивачите. Многу ми е жал поради тоа што се случи“, кажа Сон.