Сонот на Меси сè уште е жив: Аргентина избори полуфинале на СП (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандија денеска храбро се бореше против Аргентина, но сепак загуби на пенали, а на тоа најмногу се радува Лионел Меси чиј сон да го освои Мундијалот сè уште е жив.

Во регуларниот дел беше 2-2, по што на продолженијата не се менуваше резултатот, а на крајот на пенали славеше Аргентина со 4-3.

Лионел Меси постигна еден гол и притоа асистираше за уште еден на Аргентина, кој беше постигнат од Молина, додека Холандија се врати во завршницата, и тоа со два гола на Вегхорст од кои вториот падна во 100-та минута.

Аргентина за финале ќе се бори против Хрватска, која претходно на пенали славеше против Бразил.