Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванеса Брајант, сопругата на починатиот Коби Брајант, ќе добие 28,85 милиони долари затоа што полицајците и пожарникарите го снимиле и споделувале телото на поранешниот кошаркар и нивната ќерка.
Градот Лос Анџелес по долго време ја призна вината, иако претходно се противеше на обвинувањата и бараше психијатар за Ванеса за да се утврди дека таа страда од депресија.
„Денеска успешно е завршената храбрата борба на госпоѓа Брајант, која побара одговорност од тие кои учествуваа во срамното и нечовечко однесување“, кажа адвокатот на Ванеса, Луис Ли.