Сопругата на Меси не му дава да потпише за Ал Хилал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси, е против преселба на Аргентинецот во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

„Л’Екип“ објави дека Рокузо не сака да се пресели во Саудиска Арабија со синовите, па најверојатно Меси ќе мора да си бара нов ангажман, иако вчера се појавија шпекулации дека паднал договор меѓу двете страни.

Враќањето на Меси во Барселона е една од опциите, но каталонскиот гигант мора да ги реши финансиските проблеми со кои се соочува.

Меси оваа сезона за ПСЖ одигра 37 меча во сите натпреварувања и постигна 20 гола и 19 асистенции.