„Сопругата на Шумахер живее како затвореник, не може да оди ниту на ручек…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Михаел Шумахер имаше несреќа во 2013 година на скијање, по што не се познати многу детали за неговото здравје, освен дека сопругата Корина се грижи за својот сопруг.

Пријателот на германскиот возач, Еди Џордан за британските медиуми пишуваат дека Корина не може со никого да се дружи поради нејзиниот сопруг.

„Ова беше најлоша ситуација за Корина и Мик. Поминаа речиси 10 години од несреќата и Корина сè уште не може да оди на забава, ручек, патување… Таа живее како затвореник затоа што сите сакаат да разговараат со неа за Михаел“, кажа Џордан.

Шумахер освои седум шампионски титули додека возеше во Формула 1.