Совети за обложување: Горан Пандев и Џенова мора да го победат СПАЛ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку сеуште се немате одлучено што да одиграте денес, Kladenje.mk ви ги нуди следниве типови.

Манчестер Јунајтед- Свонси : 1 (победа на домаќинот)

„Ѓаволите“ имаат добра серија во Премиер лигата од три победи по ред, но се уште ги мачи елиминацијата од Севилја во Лигата на шампионите. Мурињо истакна дека отсега секој натпревар ќе биде клучен за Јунајтед со цел да се подобри тимскиот дух пред почетокот на следната сезона. Победа на домашен терен против Свонси ќе значи и речиси сигурно учество во Лигата на шампионите следната година.

Џенова- СПАЛ:     1 (победа на домаќинот)

Тимот на Горан Пандев по одличната серија од три победи по ред, сега врза три порази по ред и повторно стравува за опстанок во Серија А. Натпреварот против СПАЛ кој исто така е во опасната зона треба да претставува враќање на позитивните резултати на „Луиџи Ферарис“, затоа за тимот предводен од Балардини не останува ништо друго освен победа на овој натпревар.

Интер- Верона:    1 (победа на домаќинот)

Тимот предводен од Лучијано Спалети долго време беше рамо до рамо со водечките Јувентус и Наполи на врвот на Серија А, но по катастрофалната серија од осум натпревари без победа ги загубија сите шанси за Скудетото, а сега до крај ќе мора да се борат и за да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. По фантастичната партија против Сампдорија (победа од 5:0) се очекува Нероазурите да прикажат слична игра и без проблем да ги освојат бодовите против Верона.

Џирона- Леванте:    ГГ3+ (двата тима постигнуваат гол и на средбата ќе има најмалку три погодоци)

Едниот тим се бори за историски пласман во Европските натпреварувања, другиот грчевито се бори за опстанок. За очекување е и Џирона и Леванте да прикажат отворен фудбал во кој веројатно ќе видиме и над три погодоци. Новиот тренер на Леванте го врати духот во екипата и веќе врза две победи со ред, но се уште опстанокот не е обезбеден. Џиорна пак беше тврд орев и за големите екипи од Шпанија, а на последната средба со Реал Мадрид паднаа дури девет погодоци (3:6).

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk