Спалети ги избра фудбалерите за мечот против Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Италија, Лучано Спалети со сите сили ќе ја нападне Македонија во обид да освои бодови со кои ќе остане во игра за втората позиција во групата.

Спалети на натпреварот во Рим нема да може да смета на неколку играчи, а тоа се Биради, Колпани, Кеан и Ди Лоренцо.

Тренерот на „аѕурите“ за овој меч се реши да смета на Донарума, Проведел, Карнесеки, Лацари, Димарко, Гати, Бонџорно, Манчини, Дармијан, Ачерби, Камбијасо, Бонавентура, Жоржињо, Кристанте, Барела, Фратези, Скамака, Распадори, Берарди, Киеза, Политано, Заниоло и Ел Шарави.