Спалети се враќа на клупата, ќе вади од калта еден европски гигант


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети кој заработи отказ по крајот на минатата сезона сега е пред нов ангажман.

Имено како што пренесуваат медиумите во Франција, Спалети е еден од фаворитите да седне на тренерското столче во Монако.

Монако се мачи на почетокот на оваа сезона и има освоено само два поени по пет кола, иако во тимот инвестираше големи пари и донесе неколку звучни имиња.

Токму затоа тренерската позиција на Леонардо Жардим сериозно е разнишана, а негов заменик веројатно ќе биде Лучијано Спалети.