Спасот на Челси се наоѓа во Лацио

Стефан Де Фрај на мета на Челси.

Челси се намачи со Калиду Кулибали, но од него нема да биде ништо. Конте даде се од себе да го доведе Ромањоли, но и од тоа ништо. Сега се појави нов фудбалер – Стефан Де Фрај, фудбалерот на Лацио.

Неговата цена е пониска, околу 25 милиони евра. Лацио го украде од Феенорд во 2014-та година за 7 милиони евра и сега би можел добро да заработи.

Има договор со Лацио до јуни 2018-та година.

Холанѓанецот има 24 години, одиграно 30 натпревари за репрезентацијата на Холандија и постигнато 3 погодоци.