Спасот за Ракитиќ доаѓа од Италија: Два гиганти во борба за потписот на Хрватот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ги преживува тешките денови во Барселона, откако падна во втор план и изгледа дека неговите денови во каталонскиот гигант се избројани.

Хрватот со Барселона освои четири трофеи во Ла Лига, четири во шпанскиот Куп и Лигата на шампиони, како и Светското клупско првенство.

Шпански „Мундо Депортиво“ утрово објави дека Ракитиќ во јануари би можел да се пресели во Серија А, кадешто за него интерес покажале Интер и Јувентус.

Иниеста неодамна кажа дека Ракитиќ треба да остане во Барселона, затоа што може да му помогне на клубот и надвор од теренот, но очигледно Хрватот сака место во првиот тим, а ако не може да го добие во Каталонија, тогаш ќе го добие на друго место.