Специјалци на Мосад ќе го чуваат новиот тренер на Ц. Звезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српските медиумите пишуваат дека нов тренер на Црвена Звезда ќе биде Барак Бахар, кој ќе се пресели во Белград по завршување на сезоната.

Бахар ќе има специјална заштита од својата земја во Белград, односно ќе биде придружуван од неколку агенти од државните органи.

Израелски специјалци ќе го штитат Бахар во Србија, исто како што ги штитат и останатите спортисти во другите земји.

Израелецот ќе биде најплатен тренер во историјата на српскиот фудбал со плата од 750.000 евра годишно, плус 250.000 евра за неговите помошници.