Спектакл на „Сантијаго Бернабеу“: Бензема испиша историја во шпанскиот фудбал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистински спектакл се случи на „Сантијаго Бернабеу“, кога Реал Мадрид ја прегази Мајорка во шестото коло од Ла Лига со 6-1, а мечот го одбележа Карим Бензема.

Французинот со два гола и две асистенции стигна до директно учество во 15 погодоци сезонава, а тоа е најдобар старт во таа категорија на некој фудбалер.

Покрај тоа, Бензема го постигна својот 200. гол во Ла Лига и така стана 10. играч во историјата кој успеа да го оствари тоа постигнување.

А, пред да му го остапи местото во 80. минута на Лука Јовиќ, маестралниот француски голгетер му намести два од три гола на Марко Асенсио, кој стана шести шпански фудбалер кој постигнал хет-трик.