Спектакл во Мајами: Меси претставен пред полн стадион (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси вчера беше претставен како ново засилување на Интер Мајами и го имаше првиот контакт со навивачите.

Меси се појави пред полни трибини и доби силни овации од навивачите, по што му беше доделена „десетката“ на Интер Мајами.

„Среќен сум. Не можам да дочекам да почнам со тренинзи и да се натпреварувам. Тука сум да играм, да освојуваме титули. Сакам да му помогнам на тимот“, кажа Меси.