Спектакл во Милано: Интер „оживеа“ и се избори за финале во ЛШ (Видео)

Фото: Принтскрин

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Исполнет со драма, Интер и Барселона одиграа незаборавно полуфинале во кое славеше калчолигашот.

Првата половина заврши со водство на Интер од 2:0, но во второто полувреме Барселона започна фуриозно.

Ерик Гарсија прв го намали резултатот на 2:1, а веднаш потоа Дани Олмо го изедначи на 2:2. Во последните пет минути, Рафиња постигна гол за целосен пресврт, со резултат од 2:3.

Кога сите очекуваа дека Барселона ќе си го обезбеди финалето, Ачерби во 93-та минута го постигна голот што ја одведе играта во продолженија.

Во продолженијата, Барселона создаде многу шанси, но Интер благодарение на голот на Фратези успеа да ги комплетира 4:3 и да се избори за место во финалето.