Спектакуларен меч за трето место на Копа Америка кој ѝ припадна на Колумбија 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На синоќешниот натпревар беа постигнати пет гола, а Колумбија победи со 3-2 и тоа по неверојатен пресврт во судиско надополнување.

Јотун во последните минути од првиот дел го постигна голот за водство на Перу, а на стартот на вториот дел со убав погодок од слободен удар израмни Квадрадо.

Диаз во 66. минута им донесе водство на Колумбијците, но 10 минути пред крајот Лападула стрелаше за 2-2.

Сепак, во судиското надополнување, односно 94. минута Диаз со вториот гол на мечот, и тоа на спектакуларен начин ѝ ја донесе победата на Колумбија.

Во финале ќе се соочат големите ривали Бразил и Аргентина.