Спектакуларна пресметка во Лондон: Усик конечно го прекина владеењето на Џошуа 🎥

Олександер Усик е нов светски шампион во тешка категорија откако синоќа во Лондон го совлада Ентони Џошуа со одлука на судиите.

Спектакуларен меч одработија овие двајца борци, а на крајот пред речиси 70.000 гледачи на стадионот на Тотенхем славеше Украинецот по 12 рунди.

Усик беше подобар од почетокот на мечот и добро се движеше по рингот, по што добро го погодуваше шампионот и борбата тргна како што очекуваше.

Од друга страна, Џошуа чекаше добра можност за удар да го реши мечот, но во третата рунда и самиот можеше да биде нокаутиран.

Одличен бокс гледавме и во другите рунди, но по 12 рунди победник немаше, па мораше за него да решат судиите.