Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот напаѓач на ЦСКА и Манчестер Ситии и поранешен репрезентативец на Бразил Џо доаѓа во Црвена Звезда!
Звучи неверојатно, но се чини не е и невозможно.
Имено, оваа информација во фудбалската јавност ја пласираа кинеските медиуми, кои веста за доаѓањето на Џо на Маракана ја пласираа низ текст кој се занимава со трансфери.
Додуша, додадоа дека трансферот е веќе завршен.
Џо моментално е член на кинескиот Џиангсу каде што дојде на почетокот на оваа година.
Најзвучни имиња на тимови за кои играше секако се ЦСКА, Манчестер Сити, Евертон и Галатасарај, а носеше дресови и на неколку клубови од татковината.
Беше член на репрезентацијата на Бразил од 2007 до 2014 година.