Срамна статистика: Лукаку само седум пати ја допре топката против Кристал Палас!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку никако да влезе во голгетерска серија за Челси, откако вчера не постигна гол против Кристал Палас (1-0), а уште полош податок е тоа што напаѓачот имал само седум допири со топката.

Челси освои три бодови на гостувањето кај Кристал Палас, меѓутоа многу потешко од очекуваното, откако Хаким Зијех дури во завршницата ја затресе мрежата на ривалот.

Лукаку постави еден негативен рекорд и стана првиот фудбалер во Премиерлигата по сезоната 2003/04, кој имал само седум допири со топката, а притоа бил на теренот повеќе од 90 минути.

Ова е само уште еден доказ дека нешто не функционира во екипата на Челси во нападот, откако претходно „сините“ имаа неколку неуспешни трансфери, како тоа што беше со Алваро Мората.