Србија даде сè од себе, но Германија стана светски шампион!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Германија славеше против Србија со 83-77 во финалето на Светското првенство (СП) и го освои првиот златен медал во историјата.

Во првото полувреме се играше израмнето, односно двете екипи го менуваа водството, но на паузата заминаа со 47-47.

Србија во третата четвртина имаше голем пад во играта и Германија создаде предност која беше недостижна за нашиот северен сосед.

Најдобар во победата на Германија беше Шрудер со 23 поени, додека Вагнер постигна 19. Кај Србите најефикасен беше Аврамовиќ со 21 поен.