Србија добива нов селектор: Позната е замената на Ѓорѓевиќ по Мундобаскетот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека сегашниот асистент на Сакраменто кингс, Игор Кокошков ќе го преземе селекторското место во Србија од Александар Ѓорѓевиќ, кој по завршувањето на Светското кошаркарско првенство ќе замине од кормилото.

Ѓорѓевиќ има договор до крајот на Мундобаскетот, кое завршува на разочарувачки начин бидејќи очекуваа да се борат за златниот медал.

„Ѓорѓевиќ“ планираше да се повлече по Мундобаскетот, на кој целите беа освојување на златен медал. Фактот е дека репрезентацијата целосно разочара на Светското  првенство“, пишуваат српските медиуми.

Кокошков како селектор на Словенија го освои златниот медал на Евробаскетот во 2017 година.

Да потсетиме, Кокошков во моментов е асистент во Сакраменто, а лани работеше како главен стратег во Феникс.