Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот голман Предраг Рајковиќ, кој го носи дресот на Ремс, доживеал вистинска драма додека со семејството бил во домот за време на мечот меѓу неговиот тим и Стразбур.
Крадците влегле во неговата куќа затоа што мислеле дека цело семејство било на натпреварот, но тие се излажале. Неговата сопруга ги видела и се исплашила, по што почнала да вреска, но разбојниците успеале да украдат накит и часовници.
„Вистина е дека тоа се случи, ограбени сме. Полицијата вели дека работи на случајот и јас верувам дека ќе ги пронајдат крадците“, кажа Ана, сопругата на Рајковиќ.
Бебето било заедно со нив во домот, а вредноста на накитот, кој бил украден изнесува околу 100.000 евра.