Станковиќ го напушти Интер: Новите предизвици чекаат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прославениот фудбалер кој настапуваше во дресот на Интер, Дејан Станковиќ, одлучи да го напушти италијанскиот клуб.

Станковиќ после завршувањето на карирата минататасезона работеше како менаџер во Интер, меѓутоа по истекот на договорот тој одлучи да замине од “Џузепе Меаца”.

“Мило ми е што можев да направам нешто за овој клуб и како функционер. Интер е мој дом и ова беше прекрасно искуство сигурен сум дека многу ќе ми помогне во следната фаза од кариерата. Сега нашите патишта се разделуваат и новите предизвици чекаат, но овие бои секогаш ќе ги носам во срето”- изјави Станковиќ.

Италијанскиот клуб на својата официјална страница му посака среќа на Станковиќ во неговата понатамошна кариера.

“Списокот на освоени трофеи на вистински начин покажува каков играч беше и каков борбен дух поседуваше носејќи ја сината и црнатабоја, на теренот, но и надвор од него. Еднаш Интериста, секогаш Интериста. Ти благодариме за се, Деки, со среќа во иднина”- соопшти италијанскиот клуб.