Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес од 18:00 часот својот натпревар од второто коло на Европското првенство во Франција го одиграа Романија и Швајцарија.
Швајцарците влегоа како благи фаворите во овој натпревар, сепак кој можеше да ги отпише борбените Романци кои во првото коло му создадоа проблеми на домаќинот.
Романија успеа да дојде до водство, стрелец на голот беше Станку од пенал во 18 минута од натпреварот. Швајцарија напаѓаше создаваше шанси, но не недостсуваше реализација. На полувреме се замина со минимална предност на романската репрезентација.
Во вториот дел работите не се променија, Швајцарија напаѓаше, но Романија не беше без шанси. Сепак во 57 минута Мехмеди успеа да погоди и да донесе изедначување.
До крајот резултатот не се менуваше па двете репрезентации ги поделија бодовите.
Во последното коло од групната фаза Романија ќе игра против Албанија, додека Швајцарија ќе оди на тежок испит против домаќинот Франција.