Стар лисец е Суарез: Еве како го „обвини“ Бартомеу за заминувањето од тимот! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез одржа прес-конференција на која се збогуваше со Барселона. Тој одигра шест години на „Камп Ноу“ и постигна 198 голови, а кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Суарез сакаше да остане во тимот, меѓутоа беше отпишан од тренерот Роналд Куман и клубот се обидуваше да се ослободи од него.

Претседателот Жозеп Марија Бартомеу се појави покрај Суарез на пресот, а притоа Уругваецот покажа дека за неговото заминување виновен е првиот човек на каталонскиот клуб.

„Се обвинувал ли себе за нешто“, праша новинарот, по што Суарез покажа со главата кон Бартомеу и притоа се насмеа.