Старата дама станува минатото: На Пјаниќ му е кажано каде ќе игра следната сезона

Името на Миралем Пјаниќ се споменува најчесто во овој преоден рок.

Странските медиуми на Пјаниќ веќе неколку недели го селат од Торино. Три клуба се во игра за неговиот потпис: Барселона, Челзи и ПСЖ.

Нема сомнение дека Барселона е најзагреана. Од Каталонија веќе му соопштиле на Пјаниќ дека тој ќе биде нивни член следната сезона и дека ќе игра на Ноу Камп.

Познатиот шпански клуб е убеден дека ќе го реализира трансферот на играчот од средниот ред кој добил гаранции дека работата ќе се реализира.

Од друга страна, позицијата на Јувентус е сосема јасна. Пјаниќ ќе отпатува за Барселона само доколку Артур дојде во спротивна насока.

Артур е убеден дека може да покаже повеќе во Барселона и не сака да се согласи да ја напушти Шпанија, што би можело да ги закочи преговорите.

Значи, голема е веројатноста дека после четири трофејни години во редовите на Старата дама, 30-годишниот играч од средниот ред би можел да започне да ги пакува куферите и да се подготвува за нови предизвици, овој пат во Ла Лига.