Стеф Кари со 40 поени му обезбеди нов триумф на Голден Стејт (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Стеф Кари го предводеше Голден Стејт вориорс до драматична победа од 106-101 над Кливленд кавалирс во регуларниот дел од сезоната.

Кари постигна 40 поени, четири скокови и пет асистенции и така стана највозрасниот кошаркар во НБА со два меча над 40 поени по Мајкл Џордан.

Донован Мичел блесна со 29 поени, 10 скокови и девет асистенции за Кливленд, но сепак се повреди и мораше да го заврши дуелот предвреме.

„Кари игра неверојатно. Може да постигнува поени од било каде. Тој е неверојатен“, кажа тренерот Стив Кер.