Стерлинг се отвори: Џерард е причината да растам во подобар фудбалер и човек!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг откри дека искуството на играње покрај Стивен Џерард во Ливерпул го инспирирало да се подобри на теренот, но и надвор од него.

Стерлинг дебитираше за Ливерпул 2012. година, кога Џерард беше капитен на клубот, и беше редовен првотимец додека не премина во Манчестер Сити во 2015. година, а денес токму со бившиот клуб да се натпреварува за првото место во Премиер лигата.

„Во Ливерпул имав луѓе околу себе како Стивен Џерард на кои се огледував“, истакна Стерлинг откако ја доби наградата Integrity and Impact на доделувањето на наградите на BT Sport Industry Awards во четвртокот.

„Го гледав и размислував што можам да поправам на себе. Впивав многу работи секој ден и се развивав во подобар играч и подобар човек“.

Стерлинг изминатата сезона уживаше во револуционерната сезона со 18 погодоци и 15 асистенции, а тоа на крајот му помогна на Манчестер Сити да биде шампион на Англија.

Сити и сега е во добра позиција бидејќи има бод повеќе од Ливерпул на три кола пред крајот.

„Знаевме пред мечот со Јунајтед дека можеме да кикснеме и да останеме без првото место. Не сакаме тоа да се случи. Се обидуваме се да направиме за да славиме и бидеме шампиони. Но пријатно е да се бориме во такви околности, поради тоа станав и професионален фудбалер. Победуваш или губиш , сеедно ќе бидеш горд на себе и се што си минал“, истакна Стерлинг.