Стерлинг се враќа во Катар за да го доигра Мундијалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси и англиски репрезентативец, Рахим Стерлинг го напушти кампот во Катар поради грабеж во неговиот дом.

Стерлинг остана неколку дена во Англија, затоа што сакаше да се увери дека неговото семејство е безбедно, по што реши да се врати во Катар.

Англискиот фудбалер ќе може да го доигра Мундијалот и да помогне во битката за трофејот, а пред да замине во Катар реши да ангажира дополнително обезбедување во неговиот дом.

Конечната одлука останува на селекторот Герет Саутгејт, кој треба да процени дали Стерлинг е доволно подготвен за предизвиците кои следат на Мундијалот.