„Стигнав во еден од најдобрите клубови“

Новиот тренер на ПСЖ Унаи Емери одма почна со работа па така на Паркот на Принцевите доведе еден од најдобрите играчи за врска во Лига 1 во минатата година Хатем Бен Арфа.

Искусниот 29-годишен имаше одлична сезона позади себе. А како го замени дресот на Ница со дресот на ПСЖ раскажа токму Французинот.

„Навистина сум среќен што сум овде. Не можам да ви опишам колку ми е мило што ќе бидам дел од ваков клуб. До вчера бев невработен, а денеска еве облечен во дрес на еден од најголемите клубови на денешницата. Срцето ми е полно“, рече за француските медиуми новопечениот член на Светците, Хатем Бен Арфа.

Хатем Бен Арфа ќе го носи дресот со број 21.