Стојановски стрелаше за Ним, но недоволно за изненадување против Сент Етјен (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски се запиша во листата на стрелци на Ним во поразот од 1-2 од Сент Етјен во осминафиналето на францускиот Куп.

Стојановски го постигна својот втор гол за неговиот тим и тоа во 66. минута кога стрелаше за 1-2, но Ним не успеа да направи пресврт и да го изненади Сент Етјен.