Столе Димитриевски избран во тимот на колото во Европа (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски одигра одличен меч против Барселона (0-0) во првото коло од шпанската Ла Лига, па се најде во тимот на колото во Европа.

Димитриевски со пет одбрани стигна до третиот меч по ред без примен гол против каталонскиот гигант и така се запиша во историјата како еден од ретките на кои им успеало такво нешто.

Барселона летово потроши над 200 милиони евра за трансфери, но ниту тоа не ѝ помогна да го пронајде патот до мрежата на Димитриевски.

Македонскиот голман се најде и во тимот на колото во Ла Лига во избор на познатиот магазин „Мундо Депортиво“.