Столе Димитриевски ќе биде нов голман на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски е на листата со желби на Реал Мадрид како потенцијално засилување во летниот преоден рок.

Младиот украински голман Андриј Лунин не сака да остане во Мадрид, па поради тоа шпанскиот гигант бара негова замена, а меѓу кандидатите за нов голман е Димитриевски кој има договор со Рајо Валјекано до следното лето.

Реал Мадрид е заинтересиран и за Давид Сорија од Хетафе и Фернандо Пачеко од Еспањол, па останува да видиме за кого ќе се реши шпанскиот клуб.