Страшен состав од ѕвезди кои би можеле да останат без Мундијалот во Катар 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За помалку од една година ќе почне Светското првенство (СП) во Катар, а на Мундијалот одат пет репрезентации од Африка, четири од Азија, 13 од Европа, три од Северна и Средна Америка, четири од Јужна и уште две репрезентации од интерконтиненталниот плејоф.

Освен Катар, настап на Мундијалот обезбедија Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Холандија, Бразил и Аргентина, па на другите места се играат квалификации, а во Европа останува баражот.

Овој Мундијал може да загуби многу ѕвезди затоа што местото не е сигурно за Италија, Португалија, Полска и други. А од таму доаѓаат ѕвезди како Донарума, Кјелини, Роналдо, Фернандеш, Левандовски…