Страшна повреда: НБА-кошаркар си ја скрши ногата! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Девин Канади, кошаркарот на Орландо заработи тешка повреда на натпреварот против Индијана. Еден скок во дуелот со противнички играч заврши страшно за него.

Канади ја скрши ногата при падот на паркетот, а притоа почна да вреска од болка, по што брзо реагираше и медицинската екипа, која го изнесе на носилки од теренот.

Ова е втора тешка повреда во краток период во НБА-лигата, откако неодамна на сличен начин се повреди и Дени Авдија, но имаше повеќе среќа и ќе паузира само во завршницата од сезоната.