Страшни сцени во Израел: Хрват удри со главата во паркетот, па заврши во болница! (Видео)

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Анте Жижиќ доживеа тешка повреда на натпреварот против Хапоел Хаифа.

Поранешниот кошаркар на Цибона, Дарушафака и Кливленд во текот на втората четвртина доби силен удар во главата од неговиот соиграч Кинан Еванс, по што падна и удри со главата во паркетот.

Соиграчите брзо повикаа медицинска помош, по што мечот беше прекинат, а кошаркарот заврш во болница на дополнителни прегледи.

Видеото може да се погледне ТУКА.