Суарез е подготвен да направи сè за да игра со Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез сака да игра заедно со Лионел Меси во Интер Мајами, откако претходно со него соработуваше и во Барселона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Суарез ќе преговара со Интер Мајами, а исто така е подготвен да му плати на Гремио за да го ослободи порано.

Раководството на Гремио е свесно дека Суарез сака да оди во Мајами, но не сакаат лесно да се откажат од него затоа што е важен играч.

Суарез претходно играше за Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Атлетико Мадрид.