Суарез емотивен на прес-конференцијата: Тешко е, ви благодарам за поддршката! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез ја напушти Барселона, а вчера се збогуваше со соиграчите, по што денеска одржа прес-конференција за медиумите и се збогуваше со каталонскиот клуб.

Уругваецот со Барселона освои четири титули во Ла Лига, една во Лигата на шампиони, четири во шпанскиот Куп, едно Светско клупско првенство и еден УЕФА Суперкуп.

„Ел Пистолеро“ пред шест години стигна во Каталонија за сума од 82 милиони евра од Ливерпул, а притоа одигра 283 меча и постигна 198 голови.

„Им благодарам на навивачите кои ме поддржаа и кои навиваа за мене од првиот ден, како и на сите од Камп Ноу за големата поддршка“, вели Суарез.