Суарез мамел на тест по италијански јазик, затоа му пропаднал трансферот во Јуве!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез направи нов скандал, па се сомнева дека мамел на тестот за познавање на италијански јазик, кој му беше неопходно да го положи за да се пресели во Јувентус.

Јувентус ја исполни листата со странски фудбалери без европски пасош, а Суарез беше на праг да ги добие документите, но не успеа во неговата намера.

Властите во Перуџа откриле дека Суарез мамел при тестот. Откриен бил разговор при кој еден учесник кажал дека Уругваецот не знае ниту збор италијански јазик, како и дека не знае да состави реченица.

Исто така, било порачано дека мора да положи на тестот бидејќи заработува 10 милиони евра годишно и не треба да има пречка за неговата кариера да ја продолжи во Јуве.