Судир на гиганти: Манчестер Сити отворено му се закани на Реал Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Енрике Рикелме им вети на навивачите дека ќе го донесе Норвежанецот, но од Англија стигна жесток одговор.

Манчестер Сити му се закани со правна постапка на кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, поради неговите изјави за можниот трансфер на Ерлинг Халанд во редовите на кралскиот клуб.

Шпанскиот бизнисмен последните неколку дена е во центарот на вниманието на јавноста поради претседателската кампања во Реал Мадрид, а токму Халанд стана една од главните теми на неговите предизборни ветувања.

Рикелме, во текот на гостувањето во популарната шпанска емисија Ел Хормигуеро, предизвика големо внимание кога јавно изјави дека ќе го донесе норвешкиот напаѓач доколку биде избран за нов претседател на мадридскиот гигант.

Англискиот клуб брзо издаде официјално соопштение во кое категорично ја отфрли секоја можност за заминување на Халанд во Реал Мадрид.

Од редовите на актуелниот првак на Англија порачаа дека информациите кои доаѓаат од Шпанија се целосно неточни.