„Сумо борачот“ од Конго откри која му е желбата на СП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарот на Конго, Тјери Мвумби Готие вчера стана главна тема на светските медиуми поради неговиот изглед, па многумина го споредија со сумо борач.

Интересно е тоа што на официјалната страна на Светското првенство (СП) пишува дека Готие има 89 килограми, иако кога ќе забележите како изгледа, тоа дефинитивно не може да биде точно.

„Сумо борачот“ од Конго сега откри која е негова најголема желба на СП.

„Радосен сум за ова искуство, ќе дадаеме се од себе. Ништо не е невозможно и ние имаме раце и нозе како и противниците. Наша цел е да се претставиме во што е можно подобро светло, а сакам и да го добијам стегачот од главата на Микел Хансен“, се пошегува Готие.